Продолжува политиката на неказнивост на напаѓачите на новинарите

Според најновиот индекс за безбедност на новинарите кој се изработувал во земјите од регионот Република Северна Македонија споредбено со седумте земји од Западен Балкан покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници. Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост на напаѓачите кон новинарите. Од тие причини, ЗНМ континуирано инсистира на посебни одделенија во кривичниот суд и обвинителството за зголемување на ефикасноста во заштитата на правата на новинарите. Бројот на напади во споредба со претходната година во 2020 година е зголемен а повеќе од половината се кон жени новинарки

Референтните вредности за индексот се од оценка 1 (најлошо) до 7 (најдобро) на четири посебни области. Од 7-те земји на Западен Балкан, Република Северна Македонија има средна оцена 3.93, која иако не е висока, сепак земјата ја прави да биде подобра од останатите земји вклучени во процесот.

Индексот се однесува на 2020 година и се потпира врз истражувачки податоци, собрани и анализирани од партнерите на платформата на новинарски здруженија од Западен Балкан „Safejournalists.net“, врз основа на ригорозна истражувачка процедура. Собраните податоци за неколку различни сфери поврзани со „безбедноста на новинарите“ се изработени во форма на индикатор – Индекс на безбедност на новинарите, со цел преку бројки да се измерат промените во седумте земји од Западен Балкан за минатата година.

Во наредните години, подобрувањето или влошувањето на состојбата во сите земји ќе се мери земајќи ја предвид оценката за 2020 година како референтна година.

Back to top button
Close