Продолжува судењето за организаторите на 27 април
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште одбраната треба да почне со изведување на докази.
Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.