Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница. На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството.

На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти.

Судењето денеска продолжува со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои го имаат изготвено вештиот наод. Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбраната.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Back to top button
Close