Продолжува судењето за случајот „Тортура“

– Во Основниот кривичен суд – Скопје, со испрашување на сведоци на одбраната, како дел од дополнение на доказна постапка, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close