„Продолжуваме да го шириме своето влијание на балканот“ – Шест пингвини од Русија пристигнаа во скопската зоолошка
-Русија продолжува да го шири своето влијание на Балканот. На 15 мај, 6 Хумболтови пингвини од зоолошката во Москва беа испратени во зоолошката градина во Скопје. Таму ќе се сретнат со пингвини од Италија и – се надеваме- ќе станат основа на нова популациja- стои во твитот на руската амбасада.
– Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски. Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште – велат од ЗОО Скопје.
Станува збор за јужноамерикански хамболт пингвини, кои можат да живеат и на повисоки температури.