Продуцентите се виновни за несреќата на снимањето на филмот со Алек Болдвин, вели одговорната за оружје

Хана Гутиерез Рид, која ја контролираше употребата на реквизити на сетот на филмот кога се случи фаталниот инцидент, ја даде првата изјава во јавноста.

Гутиерез (24), која заедно со помошникот режисер Дејвид Халс е во центарот на истрагата за убиството на директорката на фотографија Халина Хачинс за време на снимањето на сцената со Алек Болдвин во црквата, за првпат ја претстави својата страна од приказната, пишуваат медиумите во светот.

Гутиерез тврди дека не знае како вистинските куршуми стигнале до сетот. Таа рече дека била принудена да работи две работи, па не можела да се фокусира на безбедноста на оружјето, а за инцидентот ги обвинила продуцентите бидејќи создале небезбедна средина на сетот.

Инцидентот се случи на 21 октомври, кога Болдвин за време на снимањето на сцената во црквата вперил „Колт“ во камерата и пукал мислејќи дека оружјето е безбедно. Но, тој ја убил Хачинс, која стоела зад камерата и го ранил режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад неа.

„Безбедноста е приоритет број еден на снимањето. На крајот на краиштата, овој сет никогаш немаше да биде загрозен да не беа вистинските куршуми“, изјави Гутиреез. Додаде дека не знае од каде дошле вистинските куршуми.

Адвокатите на Хана потврдија дека таа работела на две позиции, што и го отежнувало фокусирањето на работата. Имено, таа работела како главен асистент во одделот за реквизити.

Нејзините тврдења се слични на оние на другите членови на тимот кои исто така рекоа дека продукцијата не е безбедна. Повеќето го обвинија помошникот директор Дејв Халс, за кого се вели дека во минатото бил обвинет за прекршување на безбедноста.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза рече дека никој не е ни исклучен како потенцијален виновник.

„Сите опции се на маса“, рече окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис.

Back to top button
Close