Проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ во рамки на МФФ „Киненова“

Во рамки на седмото издание на МФФ „Киненова“, синоќа имаше проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на  романот „Улис“ од Џејмс Џојс.
-Откако минатата година на МФФ „Киненова“ првпат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ која се реализира во соработка со Амбасадата на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, информираат од фестивалот.
Режијата на документарниот филм „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) е на Руан Маган, а
сценариото на Френк Каланан и Руан Маган. Улогите ги толкуваат Питер Кунан, Ристерд Купер и
Тим Крид.
– По повод 100-годишнината од нејзиното објавување, на 3 февруари 2022 година  RTÉ 1 го емитуваше „100 години од Улис“, новиот документарен филм потпишан од историчарот Френк Каланан и режисерот Руан Маган, кој има за цел да ја отклучи една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време. Низ интервјуа со писатели и научници, вклучувајќи ги Ејмеар Мекбрајд, Пол Мулдун, Џон МекКурт и Маргарет О’ Калаган, со употреба на архивски филм и фотографии, новонарачани уметнички дела од Џес Тобин, Брајан Лалор и Холи Переира и прекрасна оригинална музика од Наташа Полберг, овој филм ги носи гледачите на просветлувачко патување во срцето на еден од најинспиративните и највлијателните романи, откривајќи како тој остана релевантен до денешен ден, информираат од фестивалот.
Руан Маган е наградуван сценарист, режисер и продуцент чија работа на драмата и документарните филмови допре до милионска публика низ целиот свет. Тој е познат по документарните филмови „Ангел“ (2012), „Ирската револуција“ (2019) и „Глад“ (2020).

Back to top button
Close