Проекција на „Ева“ и излагање на тема за човекот и технологијата

– Во Ревијалната програма: филм – философија на 11. Филозофски филмски фестивал (ФФФ), вечер од 21 часот во летното кино „Мирно лето“ ќе биде прикажан шпанскиот научно-фантастичен филм од 2011 година „Ева“ – деби на режисерот Кике Маило.

Филмот се обидува да ги покрене прашањата за врската помеѓу човекот и технологијата: Дали ние, луѓето, би можеле да воспоставиме силни емоционални врски со машините какви што имаме со другите луѓе и дали можeме да го програмираме она што го чувствуваме?

Филмот премиерно е прикажан на Венецискиот филмски фестивал и е добитник на награди, меѓу кои и на шпанската национална за филм „Гоја“ за најдобар нов режисер во 2012 година.

По завршување на проекцијата ќе има дискусија и излагање на проф. д-р Владимир Давчев инспирирано од филмот и насловено Ева или што ’гледаат’ роботите кога ќе ги затворат очите“. Давчев е професор на Филозофскиот факултет при УКИМ чии потесни теми на интерес се филозофијата на умот, когнитивната филозофија, вештачката интелигенција и нејзиното општествено влијание,

Претходно, од 17 часот публиката на ФФФ вторпат ќе може да погледне два филма од Официјалната селекција на долгометражни филмови  – „Проблемот со природата“ на режисерот Илум Јакоби од 2020 – филм во кој се пренесува љубовта, почитта и посветеноста на авторот кон природата, и „Ѕид“ на полскиот режисер Бартош Груџиецки од 2029 година – трилер за богатите и сиромашните, како и за самоуништувачката потрага по слободата.

Организаторите соопштија дека по завршувањето на Главната програма на фестивалот, следува програмскиот сегмент „Ретроспектива Тарковски“ – од 10 до 20 јуни во Кинотеката и киното „Киноверзум“ при МСУ „Державин“ во Свети Николе ќе бидат прикажани седумтте долгометражни филмови на Тарковски, хронолошки следејќи го творечкиот развој на режисерот.

Back to top button
Close