Проекција на три документарни филмови во Кинотека во рамки на „Вечери на женски права“

– „Вечери на женски права“ од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Годинешното издание на настанот се одржува во хибриден формат, комбинирајќи настани што се оджуваа со физичко и онлајн присуство, додека од 14 до 16 мај со почеток од 20 часот ќе се емитуваат филмски проекции во Кинотеката на Северна Македонија, информира Град Скопје.

Во Кинотеката ќе се одржат проекции на три документарни филмови, а влезот е бесплатен.

На 14 мај ќе се прикажува филмот „ФОРТЕ“ во режија на Дејвид Донели. Филмот „Денот на жената“ од режисерот Долија Гавански е закажан за 15 мај, додека „Тоа е тинејџерски свет – Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ“,  во режија на Лин Глазиер е предвиден за 16 мај.

Програмата на настонот е достапна на следниот линк.

Годинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје, под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на Ковид-19“. 

Back to top button
Close