Проект „Стани“ лекар слушајќи ги лекарите – „Лечи“ пациенти не заразувајќи ги другите

Под мотото „Стани“ лекар слушајќи ги лекарите – „Лечи“ пациенти не заразувајќи ги другите, Здружението за култура и уметност „Традита“ го отпочна денеска спроведувањето на проектот за сензибилизација на јавното мнение и подигнување на свеста на граѓаните, со посебен акцент младите да пристапат кон пандемијата Ковид-19 со максимална сериозност.

Ќе се реализира во три фази: редовно информирање преку интернет медиуми, друштвените мрежи и визуелните медиуми, организирање на онлајн трибини и дистрибуција/ прикажување на материјали за подигнување на свеста во основните и средните училишта во Општина Тетово, Општина Теарце и Општина Брвеница.

– Целта е подигнување на свеста преку почитувањето на заштитните мерки да ја претворат во култура, а социјалното растојание да го сфатат како општествена обврска. Проектот има за цел, и покрај пандемијата Ковид-19, учениците редовно да го следат образовниот процес (која било варијанта) во училиште со физичко присуство, комбиниран модел или преку системот онлајн, истакна претседателот на Здружението за култура и уметност „Традита“ Селам Сулејмани.

Според него во пресрет на започнувањето на новата учебна година, во образовните центри на горенаведените општини, Здружението „Традита“ ќе дистрибуира пропаганден материјал околу Ковид-19.

-Исто така, ќе ги демантираме лажните вести кои шират паника, несигурност и збунетост кај учениците и пошироката јавност. Исто така, преку нашиот портал и нашата социјална мрежа, ќе известуваме за преземените мерки од страна на надлежните органи и ќе им ставиме до знаење дополнителни информации за истражувањата кои се вршат во светот во врска со спречувањето и ширењето на корона вирусот. Свесноста за примената на заштитните мерки: носење на маски, почитување на физичко растојание, не собирање и редовно миење на рацете и употреба на средства за дезинфекција ќе биде приоритет во нашата работа за информирање, истакна Сулејмани.

Проект трае три месеци (15.8.2020 – 15.11.2020) и истиот е поддржан од Генералниот секретаријат на Владата.

Back to top button
Close