Проф. д-р Георгиевска – Исмаил: Страшно е што лекари со огромно искуство се испраќаат во пензија

За последните случувања во здравството кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа за што постои законска можност, се осврна проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил од Клиниката за кардиологија.

-Страшно е што кај нас здравството што беше на колена после пандемијата да се случува лекари со над 35 годишно искуство, со специјализации, субспецијализации да бидат испратени во пензија.  Од разговори со колегите не можеме да дефинираме што стои во заднината и што е во заднината на овој пеколен план. Кога ќе не прашаат кој може да профитира од вакви професионалци, веднаш се наметнува одговорот – приватното здравство. Дали моменталните приватни клиники или некои во основање што би ги привлекле овие реномирани лекари и професори, изјави проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил.

Таа додава дека нејзината реакција и на колегите не се однесува на тоа дека во здравството не треба да се вработуваат и млади докторски кадри, но потребно е и искуство за добра здравствена нега на пациентите.

-Втора работа е личната пресметка која се наметнува од мојот пример и тоа е еклатантно. Некаде нема недостаток на кадри,  а во некои клиники има слободни места за млади кадри. Непојмлива е оваа гротесктна промена на генерациите, во пензија да испратите луѓе со 36 и повеќе години искуство, а да задржите некој кој нема факсимил да се потпише и да ги лекува пациентите. Значи не е проблем да се вработуваат младите, има место за такви луѓе еве и на мојата клиника. Но тој млад лекар за да ја практикува медицината соодветно, а ние сме обврзани за тоа со Службен весник, да практикуваме медицината базирана на докази која се темели на искуството на докторот, вели проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил.

Целиот разговор погледнете го видеото:

Back to top button
Close