Проф. Хаџи Јанев по настаните во Косово: Русија има добра инфраструктура за влијание на Балканот

„Случувањата на северот на Косово засега не можат да имаат некое посериозно влијание врз политичките и безбедносните текови во регионот. Мислам дека тензичната ситуација ќе се смири и дека двете страни знаат дека се во ќорсокак ако решиле да користат сила за да го решат спорот. Со други зборвои во дадениот момент и конетслација употребата на сила не е разумна“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Методи Хаџи Јанев – професор од Воената академија.

– Александар Вучиќ знае дека не може сам со сила да го решава спорот бидејќи е инфероиорен во однос на КФОР. Од друга страна, ниту Албин Курти сам не може унилатерално да решава како ќе пристапи кон разрешувањњето на ситуацијата. Во моментот и нему не му одговара ситуацијата да ескалира и да има употреба на сила. Сепак, двете страни ја користат ситуацијата за да добијат подобри позиции во преговорите, нагласи тој.

 

Според него, на директен начин е тешко да се покаже дека Русија има влијание во оваа ситуација, но групи кои се поврзани со Русија и нејзиното влијание, ДА.

 

– Со оглед на тоа дека е тешко засега од она со што располагаме како информација да видиме директна поврзаност со Белград реакциите на Вучиќ беа такви какви што беа – осуда на настанот и секако тргање од одговорност. Идејата за финансирање на вакви групи е јасна, тоа не е во интерес на Балканот, туку во интерес на поткопувањето на напорите на големите играчи. Во моментов Русија нема влијание директно и сериозно, иако тоа не значи дека нема да се промени, бидејќи е јасно дека има добра инфраструктура за да го прави тоа, како и дека постојат амбиции за тоа. Сепак, ресурсите и капацитетите како и состојбите на други страни и жаришта во светот се одлучувачки за тоа дали и колку таа ќе може да влијае во овој момент. Главниот фокус на Русија сега е Украина, Црното Море, Африка и особено Кавказот, анализира професорот од Воената академија, Методи Хаџи Јанев.

Повеќе

Back to top button
Close