Проф. Павлов: Македонија канонизираше бугарски преродбеник како свој, ова е богохулење

Богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата. Вака проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“, ја коментираше веста дека Македонската православна црква го канонизирала за Македонец великанот бугарски преродбеник Кирил Пејчиновиќ, пренесува БГНЕС.

„Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго“ вели проф. Павлов.

Тој дадава пример за експедицијата на историчарот проф. Николај Овчаров во Македонија, кој нашол дополнителни докази за бугарската самосвест на Кирил Пејчиновиќ и неговите следбеници.

Канонизацијата на Пејчиновиќ денес е чиста кражба на историјата, категоричен е професорот.

„Станува збор за нешто што е крајно непријатно: тоа е кражба на историјата, тоа е богохулен однос кон самите личности кои се предмет на канонизација“ вели проф Павлов.

Тука е виновна и Бугарската православна црква, смета историчарот.

„Вината на нашата Црква е огромна. БПЦ е повикана од мене и од други луѓе да ги канонизира таквите личности. За жал, браќата Миладинови ќе бидат прогласени за светци од Македонската црква – се надевам дека сум лош пророк, но немојте да се чудите, ако и двајцата браќа – маченици се прогласени за светци во Северна Македонија. Очигледно, нема никакви пречки во овој богохулен, грд однос кон нашата историја“ коментира проф. Павлов.

Павлов вели дека ова е чин за осуда.

„Кога станува збор за христијанските вредности, нели христијанството точно вели ‘Не кради’ и ‘Не лажи’. Тоа се основни Божји заповеди. На ист начин во нивните учебници за духовно образование го тргнаа зборот ‘Бугар’ и го заменија со ‘македонски’. Луѓе, мора да се стави крај. Се прашувам како би се чувствувал Кирил Пејчиновиќ кога некој би му рекол дека не е Бугарин, туку дури и дека е антибугарин“bпраша професорот, а постапките на Македонската црква ги оцени како прекршување на билатералниот договор меѓу Бугарија и РСМ.

Треба да има реакција и од БПЦ и од бугарската интелигенција, смета проф. Павлов.

„Ова е и кршење на Договорот за добрососедство и пријателство – без оглед на сите лицемерни уверувања од Скопје и на нивните обврски кон ЕУ. Гледаме како оваа антибугарска реторика по падот на ветото на Бугарија врз РСМ наместо да слабее, почнува да се засилува“ коментира историчарот.

Back to top button
Close