Проф. Трајковски: Даноци за немажени и неженети имало во фашистичка Италија, нацистичка Германија и СССР на Сталин
Професорот Дејан Трајковски ја коментираше најавата на Владата дека сериозно размислуваат за воведување дополнителни даноци за немажените и неженетите граѓани во државата, поради се поголемиот наталитет на населението.
„Даноци за немажени и неженети имало во фашистичка Италија на Бенито Мусолини, во нацистичка Германија под Адолф Хитлер, во СССР под Сталин од 1941 до 1944 и во Романија за време на Николае Чаушеску. Ова се прави типично во тоталитарните режими каде што личниот живот се потчинува на целите на државата. Ниту еден од овие режими и нивните владетели не завршиле добро“, објави Трајковски.