Професор Марковски: Системот ги јаде своите деца, оние кои не успеа да ги истера надвор
Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ рече дека во однос на градежништвото, има точно наведени критериуми за тоа какви мора да бидат објектите кои се користат како ноќни клубови.
„Треба да бидат механички стабилни, значи носиви, стабилни, отпорни на земјотрес и на пожарно дејство, секако и санитарно-технички услови. Пожарното дејство е точно наведено и дефинирано е дека за да бидат отпорни на пожарно дејство, во нив треба да бидат вградени материјали коишто се отпорни на пожар и не горат. Сунѓер и стиропор не само што лесно горат, туку предизвикуваат огромна густина на чад во коишто се испушта и цијанид, осносно киселина на цијанид, а еве знаеме тој цијанид, еден од најстрашните отрови кон човекот, каде и како се користел во минатото. Е, па, ако тоа не е доказ на тезата дека нашиов систем буквално си ги уби своите деца, оние кои што не успеа да ги истера надвор од државата, и почна да ни ги убива децата, а сведоци сме дека такви случаи во последниот период има многу“, вели професорот Марковски