Професор шмркал кокаин во училишниот тоалет!
Професор од љубљанската гимназија Бежиград бил фатен како на матурска вечер во тоалет шмрка кокаин, објави хрватски Индекс, пренесувајќи информација од „Словенске новице”.
Освен што бил фатен со кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, на матурантите непримерно им се обраќал, не можел да оди и во еден момент, како што изјавиле сведоци, паднал.
Директораката на гимназијата, Аленка Будихна потврдила дека се запознаени со обвиненијата и дека истите се точни. Професорот веднаш добил отказ од работното место.