Професорката д-р Сенка Анастасова со научно претставувањена својата најнова книга Политичка наратософија (Ратлиџ), на Универзитетот Калифорнија – Беркли и Институтот за уметност Сан Франциско

Универзитетската професорка по филозофија на уметност и философка д-р Сенка Анастасова деновиве престојува на Универзитетот Калифорнија – Беркли каде што ја претставува својата најнова книга “Политичка наратософија – од теорија на нарација до политики на имагинација” во издание на Ратлиџ Прес.

Анастасова, во организација на издавачката куќа Ратлиџ, започна потпишување на примероци од својата книга на престижниот Институт за уметност Сан Франциско (во уметничкиот салон каде што се наоѓа познатиот мурал на Диего Ривера).

Во тек на овој месец, Анастасова го продолжува потпишувањето на своите книги на Катедрата за филозофија и Катедрата за женски студии на Универзитетот Беркли.

Во описот од Ратлиџ се вели дека “Анастасова, во Политичка наратософија прави субверзивно промислување на политичкото и филозофското значење на наративот во однос на демократијата и еманципацијата, на начин што прави свој неологизам што таа го нарекува политичка наратософија – како уникатна интерпретација на филозофијата на наративот и (не) идентификацијата, анализи што Анастасова ги прави во однос на филозофските книги на едни од најважните филозофи на овој век, Ненси Фрејзер, Жак Рансјер и Пол Рикер”.

Џејмс Мартел, професор по политичка теорија, Беркли, во ендорсментот на книгата вели дека Анастасова создала важно читање на критичката западна филозофска мисла и потикнала нови епистемолошки оски во филозофијата и демократијата, денес:

‘’По неверојатно инспиративниот поглед врз процесите на наративноста што Анастасова го прави низ премислување на критичката западна филозофија и феминизмот, низ читање на Рансиер, Фрејзер и Рикер, Анастасова субверзивно ги јукстапонира концептите во критичката теорија и политичката филозофија во контекст на поранешна Југославија и денешна Југо источна Европа. Анастасова истражува како загубата на една земја и политичкиот систем во кој таа се родила и живеела, како авторка, предизвикува радикално различна перспектива на премислување на процесите на нарација и идентификација во сегашноста (нешто што е незамисливо за оние за кои постоењето на земјата не е доведено до прашање). Во својата исклучително оригинална и длабоко промислена книга Анастасова ги доведува до прашање хегемонистичките сфаќања на нартивноста и идентификацијата покажувајќи нови облици на отпор против политичките системи на моќта. Анастасова спроведува облици на наративности повикани низ критичките теории од Западна Европа и Северна Америка, спроведени на Исток, и ова го прави низ нејзиниот моќен субверзивен наративен глас во транзит’’ – истакнува професорот на Сан Франциско Државниот Универзитет – Џејмс Мартел во својот ендорсмент на нејзината книга.

Ова е значајна меѓународна културна соработка која продолжува помеѓу проф. д-р Сенка Анастасова, Институтот за уметност и Универзитетот Беркли, откако пред неколку години таа беше поканета да биде дел од резиденцијалниот научен престој, посветен на работата и делото на Беатрис Бајн, една од најзначајните жени, пионерки во политичката и социјална теорија во Калифорнија. Сенка Анастасова е универзитетска професорка по филозофија на уметност и политичка филозофија, а ова е нејзина шеста книга, прва во престижната едиција на Иновации на Ратлиџ во политичката теорија денес.

Back to top button
Close