Професорката Живковска не доби поддршка за уставна судијка, ВМРО-ДПМНЕ прашува како нејзината студентка Васиќ е подобра од неа

Професорката Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, не доби поддршка од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде уставна судијка.

Таа доби само три гласа „за“, сите од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивните колеги од мнозинството гласаа против.

 

Живковска беше предложена од опозициската партија заедно со уште петмина други кандидати, додека власта предложи три имиња.

 

Откако не ја доби поддршката, на седницата на собраниската Комисија почна дебатата за правничката Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е предлог на СДСМ.

Нејзината кандидатура опозицијата ја нарече комична прашувајќи како таа е поистакнат правник на професорката Живковска која неодамна ѝ била ментор на Васиќ за магистерскиот труд од областа на граѓанското право.

Повеќе

Back to top button
Close