Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот на Палевски за убиствата, истрагата не е целосно завршена

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот „Климент Охридски“ во врска со грозоморните убиства за кои првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо, вели дека доколку не се открие мотивот, истрагата не е целосно завршена, во гостување на телевизија Телма.

„Ако не го одговориме мотивот, не сме ја завршиле целосно истрагата. Секако дека има и пропусти и многу отворени прашања за кои што се надеваме дека во понатамошната фаза на истрагата ќе дојдеме до одговорите и ќе го заокружиме како процес комплетно. Како дел од недостатоците е дека првоосомничениот успеа да побегне, што за жал на институциите не е првиот што ја напуштил државата, значи тоа укажува на пропусти во водењето на истрагата во самото МВР, каде што најверојатно некој доушник му кажал дека полицијата е на траг. Се затвора кругот и постои опасност од ваше приведување, што значи нарушено е основното начело во работењето на криминалистиката, а тоа е начелото на конспиративност“, рече професорот Марјан Николовски.

Back to top button
Close