Програмски совет на МКЦ- Директорот ни го разрешија оти не подлегна на притисоците во МКЦ да го вработат Арбен Шаќири

Во врска со вчерашната одлука на градоначалничката Арсовска да го разреши од функцијата вд директор на МКЦ Ванчо Богоев кого таа го постави на функцијата,денеска се огласи програнскиот совет на МКЦ со тврдење дека причината за разрешување на директорот поради тоа што како пто велат ексремните притисоци од генералниот секретар на Град Скопје да го вработи во МКЦ  Арбен Шаќири кој и беше против кандидат на Арсовска на изборите и во вториот круг на гласањето и даде подршка таа да биде новиот градоначалник на Скопје. Во продолжение соопштението на програмскиот совет на МПЦ.
МКЦ е повторно на мета на партиски мегдан
Почитувани,
Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста.
Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.
Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.
И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ.
Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата.
Со почит,
Програмскиот колегиум на МКЦ

Back to top button
Close