Пролетна супа од коприва
Копривата е природно, непрскано растение кое е богато со железо и многу други минерали и витамини треба да биде вклучено во нашата исхрана што е можно повеќе. Оваа здрава и едноставна супа е еден начин на кој можете да ја консумирате…

Состојки:
500 грама млади врвови од коприва
2 чешниња лук
1 пиперка
малку масло
2 лажици брашно
1 коцка супа ( зеленчукова)
2 литри вода
2 јајца
мелен бибер и сув зеленчук
за сервирање павлака
Подготовка:
Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното. Додадете ја исецканата коприва и пропржете ја да омекне, прелијте со вода и додадете коцка супа и зачини и гответе полупокриено околу 20 минути. Изматете ги јајцата со вилушка и измешајте, послужете со павлака.






