Пролонгирано тестирањето на вработените во најголемата штипска градинка

 Одложено е тестирањето на вработените во детската градинка „Астибо“- Штип, каде што има и најголем број вработени во петте клонови низ градот Штип.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека од страна на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги известиле дека тестирањето ќе биде одложено, бидејќи се прави масовен скрининг на текстилните работнички кои работат во конфекцијата од каде што почна да се шири заразата и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси од оваа конфекција.

– Во нашата установа денеска требаше да се тестираат 137 вработени од петте клонови, вклучувајќи ги сите вработени меѓу кои и администрацијата, вели Трајчевска.

Таа додава дека тие како установа ги преземаат сите мерки и протоколи што им се дадени од страна на ресорното министерство и Влада.

Штипскиот Центар за јавно здравје од денеска требаше да го почне тестирањето на вработените во градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш. Според списоците кои ги имаат добиено  во штипската градинка „Астибо“ треба да  се тестираат вкупно 137 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка.

Back to top button
Close