Промена на времето: Доаѓаат дождови и пад на температурите
Во четврток попладне се очекуваат услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок, под влијание на серија влажни воздушни маси, времето ќе се промени – ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои локално може да бидат пообилни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Метеоролозите предупредуваат на значителен пад на дневните температури, особено за време на викендот и почетокот на наредната седмица, кога ќе се почувствува вистинско освежување по претходниот потопол период