Променливо облачно и посвежо, со краткотрајни врнежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со краткотрајни повремени врнежи од дожд и со нестабилност. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 18 степени.

Од утре, како што информира УХМР, дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток температурата ќе достигнат 26 степени.

Back to top button
Close