Променливо облачно, претпладне со дожд, попладне со сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а дневните од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 13 степени.

Back to top button
Close