Променливо облачно со дожд и снег на планините

Претежно облачно, а во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со услови за повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи ќе има во понеделник, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Извор: fokus.mk






