Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со појава на магла и ниска облачност. Миаксималната температура ќе се достигне до 7 степени.

Следните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, особено утре. По одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо со пониски дневни температури.

Back to top button
Close