Променливо облачно со сончеви периоди и силен ветер

Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.






