Променливо облачно, со температура до 28 степени

Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во текот на работната седмица ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до вторник и со пониска дневна температура. Од среда дневната температура повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.

Back to top button
Close