Променливо облачно време со дожд и снег на планините, засилен северозападен ветер долж Повардарието
Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата се очекуваат врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време, додека во петок и за време на викендот повторно ќе има услови за појава на врнежи.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој денеска и утре наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува силен интензитет.






