Променливо облачно време, со локални врнежи од дожд

Променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од среда следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури

Back to top button
Close