Променливо облачно време со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на планинските региони во западниот дел од земјата, но и на крајниот исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен сверозападен ветер, поизразен долж Повардарието.Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд и слаб до умерен северозападен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 5 до максимални 16 степени.

За утре УХМР прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди

Back to top button
Close