Промоција на млади уметници во Тетово преку проектот „Секогаш активни млади и во тешки времиња“

 „Секогаш активни млади и во тешки времиња“ е насловен проектот на Институт за лидерство и јавни политики во Тетово, подржан од Британската Амбасада во Скопје, во чии рамки се одржа пригодна активност во дворот на основното училиште „Лирија “. Настанот е со цел промоција на млади уметници.

– Мило ми е што сум тука, во ова време на пандемија кога животот на сите, а особено на младите е пред голем предизвик. Младите сега не ги имаат нормалните можности да излегуваат да ги видат своите пријатели и да се поврзат со луѓето и да бидат дел од заедницата. Овој проект нуди можност тие да покажаат дел од своите таленти, а младите воедно имаат можност да позборуваат  меѓусебе и така да се развиваат. Се надевам дека младите од ова ситуација ќе излезат посилни и со тоа да покажат дека се иднината на оваа земја. Британската амбасада е горда што има можност да работи со овие млади луѓе во ова време, истакна Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Северна Македонија.

Извршниот директор на Институт за лидерство и јавни политики, Пранвера Касами истакна дека поддршката на Амбасадата на Велика Британија преку програмата наменета за соочување со промените поради пандемијата е од голема значајност.

– Поготово за луѓето од младата возраст кои се во ризик од страничните влијанија на изолацијата и несоцијализирањето. Држењето на ефективен и креативен дух и во тешки времиња е неопходно за психолошко здравје на популација на долг период, истакна Касами.

Проектини активности на младите ќе се емитуваат по медиумите и социјалните мрежи

Back to top button
Close