Промоција на Прирачник за менторство посветен на жените и девојките

Во Националната Галерија Даут Пашин Амам вечер ќе биде промовиран Прирачник за менторство изработен од Радмила Живановиќ и Ивана Маринчек Михајловиќ

Како што информира Здружението за еднакви можности – Мрежа Стела, Прирачникот има за цел да направи исчекор во делот на афирмирање на менторството како клучен дел од оснажнувањето на жените и девојките во нашето општество.

Предвидена е и дискусија за солидарност меѓу жените и поддршката на нивното учество во опшествениот, политичкиот и економскиот живот.

Back to top button
Close