Промоција на романот „Денови на Блуграс-љубов“ од холандскиот писател Едвард ван де Вендел

Во рамки на OFF-програмата на „YES ФЕСТИВАЛ“, во организација на издаваштвото „Чудна шума“, вечер ќе се одржи промоција на романот за возрасни млади (young adult) „Денови на Блуграс-љубов“ од холандскиот автор Едвард ван де Вендел и разговор со негo.

Промоцијата ќе се одржи во рамки на OFF-програмата на „YES ФЕСТИВАЛ“ – новитет кој годинава го воведува „Чудна шума“ – книжевни вечери и за младата (над 18 години) и возрасна читателска публика.

„Денови на Блуграс-љубов“ е првпат издадена во Холандија во 1999 година и оттогаш доживува преводи на многу јазици и ревидирано издание. Како роман за млади кој веќе се смета за европски квир-класик, но истовремено револуционерен − поместувајќи ги границите и рушејќи ги табуата − сега првпат е достапен и за македонската читателска публика.

Рецензијата на романот во авторство на Лени Фрчкоска прочитајте ја тука

Back to top button
Close