Промоција на сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од Ирина Атанаскова
Оваа сабота, издавачката куќа Чудна шума ќе ја промовира сликовницата „Приказна за малиот Уг” од авторката, уметница и илустраторка Ирина Атанаскова – сликовница која на најмалите читатели им ја приближува темата за прифаќање на различностите и инклузија.
Промоцијата ќе се одржи во сабота, на 22 октомври во 12 часот, во Morris Caffe Bar во Дебар Маало.
Промоторка на настанот ќе биде Александра Симова, а модератор Билјана Црвенковска.
„Приказна за малиот Уг” е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во приказната – се раѓа поинакво од другите угчиња на Зелената Планета. Осамено и отфрлено, угчето трага по пријател кој нема да се плаши од него…
Сликовницата е дел од едицијата „Различни и прекрасни” на издавачката куќа Чудна шума, едиција во која се наоѓаат изданија за најмалечките кои отворено зборуваат за прифаќањето на различностите, за инклузијата, миграцијата, справувањето со врсничкото насилство, самодовербата и сл.

Ирина Атанаскова сака да црта на кожа, на ѕидови, на хартија и на таблет. Мајка е на едно дете и едно куче. Таа сака да создава несекојдневни цртежи за секојдневниот живот. Нејзина желба е преку детската илустрација да допре и до возрасните и да ги потсети на безгрижноста на детската игра како меморија за слободата.