ПРОМОЦИЈА НА „СТЕФАН ВО ДИНО ПАРК“ ОД АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА ВО ДИНО ПАРК ВО СКОПЈЕ

 

…Шумата се затресе

кога Стефан во Дино парк пристигна,

од поздравот на диносаурусите.

– Не плаши се! – Спиносаурус му намигна.

 

Го пречека пребирливиот диносаурус,

кој како и Стефан не јаде СĖ…

Но, тежел неколку тони,

а тој 30 кг и јаде само чоколади и бонбони. …

Ова се дел од стиховите од најновата илустрирана книга за деца „Стефан во Дино парк“ од авторката Александра Велинова која ќе биде промовирана во сабота 12 часот  (09.04) во Дино паркот во Скопје. Оваа едукативна книга за деца од предучилишна и рана училишна возраст е дополнување на едицијата патувања „Стефан во магичниот град“ и „Стефан на прошетка со Ками во Египет“.

Стефан ги носи фановите на диносаурусите на незаборавно патување каде е исправен пред предизвиците да биде палеонтолог, да јава диносаурус, да лови диносауруси, да биде во нивна непосредна близина и сето тоа во еден Дино парк. Оние што ќе се приклучат на патувањето  покрај тоа што „слатко ќе се насмеат“ ќе имаат прилика да дознаат каде живееле, со што се хранеле диносаурусите и како изгледале. Автор на илустрациите е Игор Јовчевски. Книгата е во издание на ИК  „Едука Мак “, поддржана од Министерство за култура.

Back to top button
Close