Промовирана монографијата ,,Драмче – споменик низ времето”

– Во организација на НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров” синоќа во Делчево промовирана монографијата „Драмче – споменик низ времето” од роднокрјаниот автор Христина Деолска.

Како што истакна рецензентот Александар Атанасовски, професор по историја на универзитетот Св.Кирил и Методиј делото претставува збир на информации карактеристични за издавањето на ваков тип на книги.

-Како човек од науката ќе соработувам и во иднина со секој кој ќе сака да напише два збора на хартија за родниот крај. Мојот живот целосно е поврзан со Драмче, така што беше чест да се учествува со свои совети во неговата подготовка. Во книгата се опфатени голем број податоци за Драмче со најголем осврт на 13 век. Го поздравувам трудот на авторката која и покрај сите предизвици успеа, и и посакувам уште многу дела, рече Атанасовски.

Програмскиот директор на установата Методи Толевски, истакна дека е гордост што Драмче и Делчево добиваат дело, кое останува како еден вид потсетник за историјата за идните генерации.

-Да се направи промоција е многу лесна работа ако зад себе се има Копачката која е бренд на овој крај. Освен Копачката Драмчани има уште нешто со што ќе се гордеат, а тоа е оваа монографија на самата авторка. Како установа продолжуваме со поддршката за сите автори кои се надеваме ќе имаат што повеќе вакви дела, додаде Толевски.
Промоторот Родне Деолска подвлече дека во монографијата „Драмче – споменик на времето“ низ текст и слики се опфатени природно-географски карактеристики, стопанство, образование, здравство, фолклор и традиција од неговото создавање, па до денес со посебен осврт на втората половина на минатиот век. Збогатена е со сеќавањата на личности кои живееле, учеле или работеле во селото, податоци кои беа доловени преку литературен осврт од страна на членови на Експерименталното театарче.
Промоцијата „Драмче – споменик на времето” беше посветена на 75 годишниот јубилеј на фолкорната група Копачка, а поводот беше искористен правнукот на најстариот ороводец Данило Стојчевски кој неодамна почина, да му ја предаде ороводачката крпа на Војо Богдановски, како најстар ороводец на орото Копачка

Back to top button
Close