Пронајден хероин во Гевгелија, приведени пет лица

Полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица денеска, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија.

Како што соопшти МВР, при претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а биле пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.

Поради основи за сомневање за сторено кривично дело, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close