Пронајден починат 44-годишен маж пред Поликлиника „Ченто“

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава, на 6 декември 2025 година, во 07:00 часот, во СВР Скопје била пријавена смрт на маж пред Поликлиника „Ченто“.
Според пријавата, околу 06:00 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на причината за смртта.
Случајот е пријавен и се работи на негово целосно расветлување.
Извор: skopje1.mk






