Пронајден починат ловочувар со прострелна рана кај Виница – се вршат претреси, задржани тројца странци и еден Македонец!

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Со преземените дејствија до овој момент, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов.

Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги.

Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето, објави 4news.mk 

Back to top button
Close