Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Во водите на Дебарското Езеро, во близина на пумпната станица кај градот Дебар, на 28 јуни 2025 година била пронајдена почината 27-годишна жена, соопшти СВР Охрид.

Како што информира портпаролот Стефан Димоски, телото на С.А. од Дебар било лоцирано на околу два метри од брегот. По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од полициски екипи.

Лекар од Општата болница во Дебар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото е предадено за обдукција, а надлежните институции работат на утврдување на причините за смртта.

Back to top button
Close