Пронајдени 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, уапсен е 53-годишник
МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д.(53) од Скопје.
При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.