Пронајдени 44 мигранти во кумановското село Ваксинце
Пронајдени се 44 мигранти во домот на едно лице во кумановското село Ваксинце, за кое имало распишано потерница.
– На 23 авгут 2020 во 06:40 часот, полициски службеници од Полициско одделение Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ. во неговиот дом во село Ваксинце, бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор. Тој не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија. Шестнаесет од пронајдените мигранти се малолетни лица, соопшти МВР.
Бил извршен увид и за настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот