Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација се пронајдени при полициска контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, соопшти МВР.

Возилото управувано од Д.С.(34) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, било сопрено вчера на крстосницата за село Драгоманце, општина Старо Нагоричане.

Според МВР, за случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени

Back to top button
Close