Пронајдени изгубени туристки од Португалија во реонот Водно – Матка

Двете млади туристки од Португалија, кои денеска се изгубиле во реонот од врвот на Водно кон Матка, попладнево се пронајдени, соопшти    Дирекцијата за заштита и спасување.

-Денес околу 17:00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка. Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше упатен во пребарување на теренот, информираат од ДЗС.

Двете девојки од Португалија биле пронајдени во 18:40 часот и однесени до ресторанот „Матка“, каде ги пречекал конзулот на Република Португалија

Back to top button
Close