Пронајдени лицата кои ограбија 72-годишна жена во Кичево

Пронајдени се двете лица кои на 8 февруари, среде бел ден, ограбија повозрасна жена во нејзиниот дом во Кичево.

– Лицата што ја ограбија  72-годишната  Р.С. од Кичево, кога присилно влегле во нејзиниот дом, физички ја нападнале и одзеле златни обетки и прврзоци, се пронајдени. Се работи за лицата Е.А. (25) од Кичево и (М.Д.) од Скопје. Против двете лица ОВР Кичево поднесе кривични пријави, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Back to top button
Close