Пронајдени повеќе од илјада килограми метамфетамин скриени во целер во камион кој се упатил кон пазар во Џорџија
– Федералните агенти пронајдоа повеќе од 1.043 килограми метамфетамин скриени во целер во камион кој се упатил кон пазар во американската сојузна држава Џорџија, соопшти денеска американската Управа за борба против дрога.
Во една од најголемите заплени од ваков вид, како што ја нарече управата, агентите пронајдоа дрога која била испорачана на зелениот пазар во Форест парк, соопштија властите.
„Управата дознала дека камионот ја преминал мексиканската граница и агентите ја следеле дрогата до пазарот, рече вршителот на должноста главен агент на Управата“, Роберт Марфи.
Дрогата е пронајдена во камионот.
„Дрогата била завиткана во листови целер, била скриена во целерот. Го фрливме целерот. Не стигна до продавница“, рече Марфи.
Уапсен е мексикански државјанин, објави ТВ станица во Атланта, главниот град на Џорџија. Детали за осомничениот и обвиненијата се уште не се достапни.
Користењето земјоделски производи за прикривање на дрогата стана вообичаена тактика за шверцерите, велат властите.