Пронајдени вреќи со марихуана во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион во Дебар

На 03.05.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми. По насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close