Пронајдено безживотно машко тело кај езеро Треска

Mалолетни лица во текот на вчерашниот ден околу 14:45 часот во полициска станица во Сарај пријавиле дека пронашле безживотно тело.

Телото било пронајдено во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, а по утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од с.Никиштани.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб.

Back to top button
Close